
Специјалист офталмолог · медицински директор на Специјална очна болница „Деница“
д-р Виолета Бучковска
д-р Виолета Бучковска е една од најискусните очни хирурзи во Македонија. Од 2017 година го предводи тимот офталмолози во Специјалната очна болница „Деница“ во Скопје, каде е и медицински директор. Нејзина област од посебен интерес е хирургијата на катаракта.
- Специјалност
- Офталмологија — заден сегмент на окото
- Посебен интерес
- Хирургија на катаракта, витреоретинална хирургија, аблација на ретината, ласерски третман на дијабетична ретинопатија, окулопластика
- Образование
- Медицински факултет, УКИМ Скопје (1987); специјализација по офталмологија, УКИМ (1995)
- Работно искуство
- Универзитетска клиника за очни болести, Скопје (1990–2009) · Систина Офталмологија (2010–2017) · Специјална очна болница „Деница“ (од 2017)
Професионален пат
Кариерата ја започнува во 1990 година на Универзитетската очна клиника во Скопје, каде седум години работи на одделот за детска офталмологија и страбологија. Од 2000 година работи на одделот за ретина, каде се стекнува со знаењата од областа што е нејзина специјалност и денес.
Стручно се усовршува на детскиот оддел при Универзитетската Александрова болница во Софија (1992–1999), во Клиничкиот центар „Звездара“ во Белград, на одделите за катарактна хирургија, витреоретинална хирургија и окулопластика при Клиничкиот центар во Љубљана, како и во Бугарија (2005–2008) кај д-р Ива Петкова од областа на витреоретиналната хирургија.
Од 2010 до 2017 година работи во Систина Офталмологија, а од 2017 година го предводи тимот офталмолози во Специјалната очна болница „Деница“.
Хирургија на катаракта во Деница
Во „Деница“ катарактата се оперира со фако-метода (ултразвучна факоемулзификација) и, кај тврди и комплицирани катаракти, со екстракапсуларна екстракција. Двете интервенции се изведуваат под локална анестезија и се еднодневни — пациентот си оди дома истиот ден.