Упатуваме внимание на десет поважни информации кои се однесуваат на оваа болест на окото.
1. На светско ниво, над 5% од популацијата има катаракта.
2. Заматениот или избледен поглед, проблемите при гледањето навечер, двојното гледање на еден предмет или постојаното менување на диоптријата на окото, се само некои од најчестите сигнали за појавата на катаракта.
3. Ризикот од добивање на катаракта значително се намалува доколку избегнувате изложеност на окото на сончевите UV зраци, доколку намалите со консумирање на алкохол и доколку престанете со пушењето на цигари.
4. Болестите како што се дијабетесот и хипертензијата, како и неправилните диети, го зголемуваат ризикот од добивање на катаракта.
5. Балансираната исхрана со многу овошје и зеленчук (особено зеленолисни зеленчуци) влијае позитивно во однос на намалувањето на ризикот од добивање на катаракта.
6. Хирургијата на катаракта, спаѓа во групата на најпрецизните хируршки интервенции и во најголем број од случаите, по нејзиното успешно завршување, пациентите можат да си заминат од болницата уште истиот ден.
7. Катарактата се развива на секое око одделно и таа не се пренесува од око на око.
8. Возраста е најзначајниот фактор кој го зголемува ризикот од добивање на катаракта.
9. Иако катарактата најмногу е карактеристична за возрасните и за старите луѓе, сепак и малите деца, како и бебињата може да развијат катаракта.
10. Катарактата може да се развие во различни форми, како и на различни места на окото.